Министерството за здравство денеска го регистрираше првиот случај на заразаен со ковид-19 во Валандово.
Станува збор за лице кое што допатувало од странство и веднаш е спроведено во државен карантин во Битола според утврдените протоколи. Во градот засега нема активен заболен.
Според денешната статистика на Министерството за здравство во последниве 24 часа, дијагностицирани со ковид-19 се нови 28 лица. По градови, 11 лица се од Скопје, девет од Прилеп, три лица се регистрирани од Велес, по двајца во Куманово и Тетово и едно лице од Валандово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.