Забележан е првиот случај на коронавирус во Македонија. Пациентот бил задржан на Инфективната клиника со симптоми на грип, објави „Сител“.
Пациентот се вратил од Италија, во Скопје слетал со авионот од Милано. Поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје.
Министерот за здравство и техничкиот премиер Оливер Спасовски најавија прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.