Битола е регистриран првиот случај на коронавирус, соопшти министерството за здравство. Засега, нема детали за возраста на заболеното лице, ниту за тоа како се заразило.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска преку видеопорака им се обрати на битолчани и ги повика да бидат дисциплинирани и да не ја отежнуваат работата на стручните лица.
Веќе сме град во кој е констатирано присуство на коронавирусот. Да се запрашаме колкумина од нас биле надвор од Битола, колкумина биле во близина на вирусот, колкумина не ги почитувале мерките за непотребно излегување и пиеле кафе по локалите наместо дома. Ова не е битка на етникум, партија, вера, ова не е битка на еден, на неколкумина и на неколку семејства, ова битка на сите нас. Ова е битка на човештвото – вели Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.