Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека од 5-ти јули, понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

Голем дел од федерациите спортски го сменија името согласно Уставот, затоа што тие се репрезенти или репрезентации на Cеверна Македонија и редот е да ја претставуваат Македонија. Верувам дека тоа ќе го постигнеме и со фудбалската федерација, додава Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.