Дрскост од колосални размери – секогаш арогантниот прв човек на Али Ахмети Артан Груби се всели во новата зграда на најбезработното министерство на „државниот празник“ Роденденот на водачот.
Поголема чест не можеше да му направи освен, по “сите протоколи” да му организира прослава „Короната е умрено, уриме Али!“
А ако ви бодат очи голите лица на функционерите на ДУИ – не замерувајте, во кафеана се. И така се работи за министерство во кое од 1400 вработени на работа одат само 44. Е сега, тоа што се 15 на маса наместо по четворица… па ни министерот за здравство не ги почитува протоколите… што би рекол Заев, рибата смрди и од опашката, но ние би додале, и од главата и од опашката.
На големиот настан присуствуваат министрите и заменици-министри од ДУИ, а тоа пак е одлична можност да видиме кој владее во владата на Заев. Ако ништо друго по број. А кој има број, има и глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.