Непроверени полувистини, шпекулации, „релевантни“ извори…Провладините медиуми како продолжена рака на власта продолжуваат со валканата војна и објавување на лажни вести, а овојпат побрзаа со оцрнување на новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Имено, попладнево неколку полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за постака, која е во тек, потврдија за МИА од Обвинителството. Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителствот и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.

Но, провладните медиуми поврзаа да излажат дека овие апсења се за високи високи полициски службеници од тимот на Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.

Oвие непроверени шпекулации веднаш беа демантирани од страна на министерот Чулев, кој појасни дека станува збор за лица вработени во МВР распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со наговиот тим или кабинет.

Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници. Според моите информации во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура, рече Чулев напоменувајќи дека никој нема да го поколеба или исплаши во неговата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.