Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Македонија во НАТО.
Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбук ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.
Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.
Зелено светло за влез на Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30.членка на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.