Најголем број од верниците со маски во црквата Богородица…но одржување на растојание за заштита од ковид не важеше на денешниот верски празник. Толпа народ збиени еден до друг чекаше пред влезот во храмот иако на секој чекор црковните власти поставиле табли за  почитување на мерките, објави Сител

Не се почитуваат мерките…јас сакав да влезам внатре ама многу луѓе…требаше други мерки да предложат. Иако сум вакцинирана сепак не е добро, овој новиот сој многу брзо се шири, вели верничка за оваа телевизија.

Од Црквата се потрудиле со соодветна организација запазувајќи ги протоколите и надвор имаше бројни места за палење на свеќи и свештеници кои  им служеа на верниците. Но гужвите и опасноста од вирусот не ги спречија граѓаните да чекаат во редици.

Јас носам маска, внатре сите носат маски…треба да се пазиме…велат верници.

За разлика од надвор, во внатрешниот дел од црквата имаше ред и се пуштаа само мал дел од верници. Редари контролираа колку лица можат да влезат.

И бебиња и старци…Сите добија лепче и наполнија светена вода…Но колку делта сојот ќе ги заобиколи сите оние кои денеска беа во гужвите пред црквите ќе покаже статистиката во следните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.