Неколку стотици музичари, угостители, припадници на ивент-индустријата во моментот пред зградата на владата со мирен протест бараат власта да ги преиспита протоколите за нивна работа, бидејќи станува збор за нивните животи и егзистенција.

Како претставник на угостителските објекти кои организираар свадби, Екрем Мемиши пред медиумите порача дека тие не бараат печалба сред криза, туку егзистенција.

Свесни сме за кризата, но потребни се посебни протоколи за организација на свадби за и оваа индустрија да може да опстои. Од 14-ти март не работиме, а повторно успеавме да ги исплатиме своите работници и покрај тоа што немавме приходи. Бараме посебни протоколи за организација на свадби на кои секако би се почитувале мерките за заштита од ковид-19, порача Мемиши.

Тој додаде дека сите сектори веќе функционират освен угостителството и дека мора нешто да се преземе околу тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.