ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија.

Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.
Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик, се вели во повикот.

Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.