Денес починаа 35 лица, на денот кога имавме 51 погреб поради корона вирусот. 86 лица починаа за два дена. Овие луѓе немаше да бидат починати доколку Зоран Заев и Венко Филипче наместо да возат мотори и летаат со хеликоптери обезбедеа вакцини. Но, ним поважни им беа провизиите за вакцини од обезбедувањето вакцини за спас на животите на граѓаните на Македонија, велат од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Над 4.000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии. Ова е огромен срам. Срамот треба да се измие. Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во сабота во 11 часот пред изворот на проблемите, Министерството за здравство, додаваатод таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.