Оризопроизводителите од Кочанскиот регион денеска излегоа на протест.

Тие на протестот кој се одвиваше од Облешево до селото Тркање се движеа со тешка механизација.

Незадоволни од власта уште еднашка побараа некој да ги чуе нивните барања, особено министерот за земјоделие кој речиси не мрднува со прст за оризопроизводителите и земјоделците воопшто.

Доколку никој не го послуша нивниот глас, тие најавија и радикализација на протестите и поголема масовност и блокади.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.