Денеска во Скопје ќе се одржи протест пред Владата во 13 часот. Поаѓањето е закажано од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во 12:30 часот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи вчера напиша:
Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.
Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува!Време е да се стави крај на неговата лудост пред да биде предоцна.
Утре протест во Скопје, пред Владата во 13 часот, поаѓање од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во 12:30 часот.
Или Заев, или Македонија.
Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.
Денес повторно лаже…Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 4 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.