Правда за Никола Христовски побараа стотина граѓани во знак на револт поради ниската затворска казна за неговиот убиец. Тие со неверување ја слушнале судската пресуда на Скопскиот Кривичен суд со која убиецот на 17-годишното момче, со иницијали А.Т. е осуден на само 3 години затворска казна. Деветнаесетгодишниот А.Т. ја доби ниската казна затоа што е осуден за дело убиство во миг за што следува казна од 1 до 5 години.
Родителите на убиеното момче се сомневаат во непристрасноста на судот и обвинителите, пред се поради фактот што делото од убиство, било преквалификувано во убиство во миг и зошто биле сменети, како што тврдат дури тројца јавни обвинители.
Овде сме собрани за мојот син да изразиме барање за правда, затоа што од самиот старт од водењето на случајот од страна на обвинителството до крајот се сменија тројца обвинители. Од првиот обвинител се до јануари месец, според мои информации што јас си ги дознавав, во јануари месец се прави некое медицинско вештачење на сторителот на кривичното дело и актот преминува од убиство во убиство во миг со умисла – рече Игор Христовски, татко на убиеното момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.