На три локации, пред Владата, пред Министерството за правда и пред Министерството за надворешни работи се одржа протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, за да се изрази несогласување и осуда на преговорите што власта на Зоран Заев ги прави со Бугарија за макеондкиот идентитет, историја и култура.
Тони Михајловски пред Министерство за правда порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев.
Како што истакна Михајловски, тој е Македонец, оваа земја е Македонија, јазикот кој го зборуваме е македонски.
Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни веруваме дека човек може да е олку предавник и да му е толку трула душата и да може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и се вика Зоран Заев. Нападнати сме од домашниот предавник, треба таа змија да ја исфрлиме и да продолжиме да живееме горди. Овде сме да повикаме на заедништо, да застане брат до брат, да му плукнеме на овој изрод и да го отераме на ѓубриштето на историјата, да покажеме дека сме единствени, да покажеме дека не му се плашиме на Заев. Да излеземе сите еден до еден и додека не замине да не се враќаме во нашите домови – порача Михајловски.
Пратеничката Рашела Мизрахи од пред министерството за надворешни работи им порача на граѓаните дека треба да се спротивстават на Зоран Заев и неговите лоши политики и анационализам. Како што истакна Мизрахи, политиките на Заев водат до губење на идентитет, јазик и историја. Ако тоа се изгуби се губи Македонија.
Денеска не се обраќа Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, не се обраќа ниту пратеничката Рашела Мизрахи туку вашата сограѓанка, ќерка, сестра, мајка, жена од Македонија. Во секој збор од химната на Македонија има тежина. Во секој збор на химната има огромна вистина.
Мизрахи посочи дека Панко Брашнаров како најстар делегат го отвора Првото заседание на АСНОМ. Го отвора заседанието со следните зборови: „Другари и другарки, народни претставители во овој момент, во ова историско место ‘Св. отец Прохор Пчински’ и на овој историски ден Илинден го објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија“.
Што ли би рекле илинденците, зарем со нешто заслужија коските да им се превртуваат? И не од поробувачите, туку од оние кои во моментов ја водат државата, која токму илинденците и партизаните во завет ни ја оставија, слободна македонска држава со слободен народен јазик и вековна историја, држава на сите нејзини граѓани – истакна Мизрахи, која истакна дека собирот не е против ниту една соседна држава, туку е против Заев и неговата екипа кои ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои.
Пред МНР се обрати и претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Владимир Нелоски, кој порача дека не смее и нема да помине ова што власта го прави денес. Тој истакна дека борбата е долга, но и дека е сигурен дека сите што се нив нема да се предадат и до последно ќе се борат за идеалите во кои веруваат.
Денеска е денот кога Бучковски и Заев ни ја прекројуваат историјата, не убедуваат дека Гоце Делчев не бил Македонец, дека борците во народноослободителната борба не биле убиени. Овде пред МНР за да ви порачаме дека нема да ви помине. Они на кои дедовците беа кметови кога тука во Македонија луѓе гинеа за слобода, а некои не убедуваа сега дека не гинеле и не се бореле туку биле администрирани. Истите тие денеска едни од нив молчат, а други се обидуваат да ги понижат луѓето кои ги дадоа своите животи за ние денеска слободно да се движиме. Еден таков Петре Шилегов вели дека ќе ги однесе спомениците на депонија, Петре дали ќе го однесеш и споменикот на Ченто, споменикот на АСНОМ, споменикот на Кузман Јосифовски Питу исто на депонија? Не, нема бидејќи ние како народ нема да ти дозволиме тоа, истакна Нелоски.
Нелоски во своето обраќање посочи дека додека власта крои планови да ги понижат оние кои дадоа живот за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да им оддава почит.
Додека тие кројат планови како понатаму да ги понижат они кои ги дадоа своите животи за денешна Македонија да е таква каква што е, ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на сите оние кои се жртвуваа за нас. Ние денеска ќе им оддадеме почит на сите нив на Мирче Ацев, на Ченто, на Христијан Тодоровски Карпош, но и на помладиот Ченто, кој денеска е во зандана и им оддаваме почит на сите кои се бореа за слободна Македонија на Гоце Делчев, на Даме Груев, Питу Гули – додаде Нелоски.
Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, пак, истакна дека никогаш не ни помислувал дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении. Тој јавно праша дали постои друга земја за Македонецот освен Македонија и дли постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ.
Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота. Основа затоа што донесоа национален срам на македонскиот народ, а не донесоа ЕУ – истакна Андоновски.
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија, Стевчо Јакимовски од пред зградата на Владата, ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат и да се сплотат за да го спречат премиерот Зоран Заев во распродавањето на македонските национални обележја.
Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите, како на пример кога требало да платат репарација за окупацијата на Македонија тие го давале и Цар Самоил дека е македонски Цар, за Заев сега на тацна да го направи бугарски.
Тоа само кажува дека како им одговара – така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување – изјави Јакимовски.
Јакимовски додаде дека човекот што денес е на власт во Република Македонија, со ваквиот однос, со ваквиот сервилен став и со неговите попуштања ќе направи голем проблем на Балканот, затоа што сите земји ќе се замешаат и ќе ги поставуваат како услов историјата за да не може овој Балкан никогаш да се интегрира.
Штетата која што ја предизвикува Социјалдемократскиот сојуз не е само македонска туку е и балканска. Затоа ве повикувам сите граѓани на Република Македонија без разлика на вера, нација и политичко убедување, да се обидиниме и да покажеме сила и да ја одбраниме Македонија – повика Јакимовски од пред Владата.
Тој истакна дека од власта лажат кога велат дека не се преговара за идентитетот и за јазикот, дека не преговараат за од 1944 наваму, но преговараат за македонскиот идентитет и јазик до 1944 година.
Очекувам во наредниот период протестите да се зголемуваат и покрај тоа што распродавањето го прават во време на корона, еднаш ова го правеа на најсветлиот ден за македонскиот народ, на ден Илинден кога сите се на одмор го потпишуваат најсрамниот договор за Македонија. Длабоко сум убеден дека чепкањето во историјата ќе биде крајот не само на Зоран Заев туки и на Социјалдемократскиот сојуз – порача Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.