ВМРО-ДПМНЕ утре повторно ќе излезе на протест пред Министерството за здравство. Од партијата го повикуваат министерот Венко Филипче да си поднесе оставка за спас на народот.

Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини. Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни. Додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно. Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија. Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат. Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија. Заев и Филипче се успешни во една работа – во земање провизии. Затоа ќе протестираме и оваа сабота, стои во партиското соопштение за протестот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.