ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира нов протест со возила.
Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиониевра за тренирање на хрватско магаре, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, од 18:30 часот на протест со возила од СЦ „Борис Трајковски“ до Секретаријат за европски прaшања, за да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.
Новиот Генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајковски преку „Фејсбук“ објасни зошто се одлучиле на протест со возила, наместо класичен.
Денес 535 новозаразени и 6 починати. Црн биланс за државата, уште еден доказ за неспособноста на владата. Заклучокот е дека владата најмалку се грижи за здравјето на граѓаните. И ова е само еден сегмент за незадоволство, иако има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста. Како генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта. Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари, напиша Сајковски и повика на почитување на сите мерки и протоколи за време на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.