Стотина граѓани од албанската етничка заедница се собраа пред штабот на СДСМ за да го изразат својот револт од разрешувањето на директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.
На собирот, тие истакнаа дека смената на д-р Зибери е чин на дискриминација и нееднаквост и е мотивирана од политичка желба на СДСМ, предводена од Зоран Заев, да добијат неколку евтини македонски гласови на изборите.
Поради таквата постапка, собраните луѓе на Заев му порачаа дека силно разочарани од тоа што во 2016 ги излажал дека ќе има еднаквост за сите.
„Господине Заев, кажете ни само една причина за разрешувањето на д-р Зибери. Се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на корона-кризата, кога беше на првите редови во борбата против пандемијата. Отпуштивте еден посветен и професионален државен службеник зашто тој го изрази своето мислење на Фејсбук, а зборувате за демократија и граѓански права. Го сменивте и покрај неговите лојалност и професионалност. Кажете, ако веќе Арбен толку згрешил, зошто не одбравте еден од многуте албански здравствени експерти кои имаат исти вештини или можеби и подобри од новоназначениот директор на Центарот, Александар.
Господине Заев, јасно е дека вие целите на евтини македонски гласови, но од некој што ја води државата очекуваме морален интегритет, очекуваме чесност, очекуваме еднаквост. Во 2016 година многу Албанци гласаа за СДСМ бидејќи ветивте еднаквост, ветивте општество за сите. Во 2016 година ние однапред ви ја дадовме довербата, ви ги дадовме нашите гласови. Вие станавте премиер само заради албанските гласови, но од тоа ние не добивме ништо. Господине Заев, разочарани и гневни сме“ – порачаа присутните на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.