„Борбата на лицата со попреченост и нивните семејства трае предолго затоа ве повикувам на 20 јули, вторник, во 18 часот сите заедно пред Влада. Да се избориме за нивните права, за правата на лицата со попреченост и нивние семејства, за нивен подостоинствен живот“, вели во својата порака Ребека, која упати покана за поддршка на протестите што лицата со попреченост од утре, па се до 30 јули ќе ги одржуваат пред Собранието на Република Македонија, ПРОТЕСТ И КАМП ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, РАМНОПРАВНОСТ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ.
Во најавата на протестот се вели дека досега имаат обебзедено поддршка од повеќе од 20 Здруженија на граѓани и неформални групи од цела Македонија, кои претставуваат и застапуваат сериозни бројки на членови од различни категории на попреченост, хендикеп или посебни потреби.
ПРОТЕСТ И КАМП ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, РАМНОПРАВНОСТ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ ќе бидат со шатори пред Собранието од 20 до 30.7. 2021, во многу поголем број, со целодневна агенда и активности и работилници за деца и лицата со попреченост.
Меѓу оние кои упатија поддршка е и пејачката Ребека, која е еден од основачите на здружението „Дајте ни крилја“ и еден од најгласните борци за правата на лицата со попреченост.
Ребека во повеќе наврати има изјавено дека оваа борба е долга и тешка и работите бавно се движат во позитивна насока.
– Вака веќе не може. По сите акции, иницијативи, писма, предлози, потписи, петиции, законите кои баравме да се сменат, не се сменија. Ни фрлаат трошки, ни велат да се стрпиме и да не очекуваме големи промени, рече во едно свое интервју за Женски магазин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.