Ниту во минатото ниту сега до Амбасадата на Република Белорусија во Белград и до амбасадорот Валериј Брилјев, ниту во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Македонија во Скопје не се доставени жалби, исто така ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери, порачуваат од Почесниот конзулат во Скопје.
На ден 25 јули 2019 година се извадени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски кои беа проследени во електронските медиуми. Сакаме да посочиме воедно и да потврдиме дека се што беше искажано се едноставно лажни вести, велат од Почесниот конзулат на Белорусија во Скопје.
Во моментов, додаваат, се приготвува нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Република Србија до Министерството за надворешни работи на Република Македонија за искажаните лажни вести.
Претникот Милошоски на вчерашната седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашања обвини дека во Кабинетот на премиерот Зоран Заев дошол белорускиот амбасадор во врска со случај во кој на бизнисмен од Битола, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра. Тврдењето беше одбиено од премиерот Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.