Зад нас е уште една недостоинствена дебата во која нивото на политички дијалог го спушти претседателот на владејачката СДСМ Зоран Заев. Заслужуваат ли гледачите, идните гласачи, наместо судир на идеи и програми час и половина да гледаат пазарско препукување исполнето со навреди кон противникот. Главно лични.
Во манир на некои свои медиумски перјаници кога го имале лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски спроти себе, Заев покажа ниско ниво на политичка и општа култура. Човекот кој веќе го заокружува мандатот на власт, многу нервозно и со нескриена омраза кон Мицкоски од вие премина на ти, а речникот го збогати и со погрдни зборови.
Исто така, покажа дека нема визија за иднината, додека пак неговиот опонент Мицкоски, кој демонстрира стабилност и ниво на дебата, прецизно ги отслика слабостите на системот.
Заев настапи со истите проѕирни обвинувања небаре теретаната и кафаната се најжешките теми во предизборието. Аа рече не си се слушнал си се слушнал, да одиш во Идризово, ааа татко ти професор ти асистент… се само дел од репликите на доскорешниот премиер.
За разлика од него, Мицкоски го потсети Заев дека имал три години за реформи, но го обвини и дека бил и претседател на влада и директор и обвинител и судија.
И тоа не е краток период, тоа се три години, а Заев сега вели дека ништо не знае, дека се користело неговото име зашто бил премиер, рече Мицкоски.
Спомена дел од актуелните случаи во судството изминатите години и го обвини политичкиот противник за „Луј витон“ судство.
„Заев можеше да ја каже и вистината за Нешковски, за Младенов, а ние гледавме само ’Луи Витон‘ трас-трас одлуки“.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва на ТВ дуелот на Телевизија 24 самиот си го најави поразот на претстојните парламентарни избори. Заев во паника побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поддршка од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, на што Мицкоски му одговори дека нема пазари за ВМРО-ДПМНЕ, на изборите на СДСМ му следува најголем пораз досега.
Заев призна дека се среќавал со контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, а, пак Мицкоски го праша дали земјиштето што го добил на дар е во Швајцарија.
На крајот, Заев го забетонира длабоко под земјата своите позиции кога призна дека нема белешка дека го пријавил рекетрот, како што тврдеше илјадапати досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.