Пред заминувањето на Џес Бејли од земјава се одржа поштална средба на амбасадорот на САД и премиерот Зоран Заев.
На средбата Заев истакнал дека „поддршката на САД, како стратешки партнер на Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ НАТО“, а амбасадорот Бејли изразил задоволство што за време на неговиот мандат Македонија го решила спорот со Грција.
Заев на Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на, како што велат од Владата, сеќавање за извонредната соработка.
Од мое лично име, од името на Владата на Република Македонија и на граѓаните на нашата земја, му се заблагодарив на амбасадорот на САД, Џес Бејли за активниот придонес за време на неговиот мандат, напиша меѓу другото Заев на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.