Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик, дознава „Фактор.мк“

Ова е наведено како една од точките на последната владина седница каде се споменува „започнување на постапка за раскинување на Договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“.

Единствено досега беше познато дека „Сархемс“, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство пред неколку месеци, но што се случувало понатаму останува недоречено, бидејки потпишаниот договор беше недостапен за јавноста.

Владата пред една година ја објави физибилити студијата за јавното приватно партнерство за набавка на хеликоптери за медицински цели со шведската компанија „SHC Swedish Helicopter Consortium“ преку локалната „САРХЕМС.

Во студијата се даваа два модела за јавно приватно партнерство, но според тоа што го кажа Генералниот секретар Рашковски вчера прифатено е она со иновативно финансирање.

Но, и двата модела предвидува партнерот да го добие на располагање центарот за обука за пилоти во Петровец. Во студијата се проценнува дека трошоците за управување, одржување и стопанисување со објектот изнеснуваат околу 190 евра.

Јавниот партнер, т.е државата имаше обврска да му одобри и го овласти да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи, да му го даде на располагање центарот за обука, да му обезбеди поддршка за евентуално финансирање од страна на „Еуроконтрол“ и авиопревозниците, како и дозвола за ангажирање на локален персонал, воен и цивилен од јавните институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.