Агенцијата за управување со одземен имот се откажа од намерата за продажба на АД Славија, дознава Фокус.
Неофицијално, Агенцијата пред Македонска берза го образложила откажувањето на продажбата со покренатата постапка на поранешни вработени на Славија, кои бараат акциите, а со тоа и имотот на друштвото да не се продаваат, додека не си ги наплатат заостанатите плати и продонеси.
Ваквиот епилог следува откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека власта преку Агенцијата за конфискација сака на блиски луѓе да им продаде за 218 илјади евра имот, кој, според партијата, вреди над 20 милиони евра.
Повеќе ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.