Се проширува скандалот со македонскиот дипломат уапсен во Србија на барање на Интерпол затоа што од Ерменија со уште еден дипломат тајно евакуирал Ерменец баран за кривично дело.
Според информациите од Ереван, криминалецот, кој е брат на поранешен претседател на Ерменија, е заведен како македонски граѓанин, што покажува дека е можно тој да е меѓу 215 носители на македонски пасош од аферата која ја отвори ВМРО-ДПМНЕ во мај годинава.
Советникот на генералниот обвинител на јавното обвинителство на Ерменија, Гор Абрахамјан, во телефонски разговор за агенцијата „Хетк“ изјавил дека македонскиот дипломат бил уапсен во рамки на кривично дело поврзано со ерменскиот патен коридор Север-Југ.
Граѓанинот на Македонија извади од Ерменија друг државјанин на Македонија, кој е дел од кривично дело поврзано со „патниот коридор Север-Југ“, изјавил Абрахамјан за ерменската агенција.
Македонските власти сè уште молчат за скандалот што минатата недела го открија македонски медиуми.
Доколку сакаат македонските служби за многу брзо време можат да го утврдат идентитетот на евакуираниот и точно да знаат за кој македонски државјанин се работи или за чиј украден идентитет се работи.
Јавноста засега знае само за идентитетите на мал број од 215 криминалци кои откако Спасовски е министер добиле македонска патна исправа.
Ерменската тајна служба потврди дека македонски дипломат пренесол корумпиран политичар со приватен лет
Ерменски медиуми јавуваат дека српските агенции за спроведување на законот го уапсиле заменик-шефот на мисијата на Македонија во ОБСЕ, Миле Миленковски, на барање на Ерменија.
Во извештаите се цитираат ерменските агенции за спроведување на законот, според кои во 2018 година, тројца дипломати од Македонија, предводени од Миленковски, евакуирале од Ерменија претставник на поранешната ееменска влада, обвинет за проневера на големи суми пари, објави АРМЕНПРЕС.
Миленковски беше уапсен на 27 август додека го минуваше граничниот пункт „Прешево“ за да влезе на територијата на Македонија. Ова го потврди и српското Министерство за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.