По повод 30 години од независноста на Македонија, А.Д. „Пошта“– Скопје издаде пригодна поштенска марка, која денеска беше промовирана во главната шалтер сала на Дирекцијата на Поштата.

На настанот се обрати премиерот Зоран Заев кој посочи дека поштенската марка е издадена според програмата одобрена од Владата и е дел од годишната програма за издавање поштенски марки на поштата.

Верувам дека оваа поштенска марка која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј ќе наиде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ја посетат Република Македонија и да го запознаат нашиот народ, рече Заев.

АД Пошта, како што посочи директорот Јани Макрадули, почетокот на независноста го одбележа со пригодна поштенска марка, од која „симболички ечеа зурли и тапани“.

Денес, ја промовираме поштенската марка, издадена во 6.000 примероци, со номиналната вредност од 72 денари на која е стилизирано знамето на нашата држава. Ве уверам дека нема посоодветен објект, од овој простор за одбележување, каде знамето е мотив. Зошто ако погледнеме нагоре, ќе го видиме нашето знаме изградено и вклопено во објект уште од 1974 година. Визија за која човек може да остане само нем, воодушевен гледач, истакна Макрадули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.