Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откко вечерва повторно беше избран за челник на партијата, изјави дека доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нивната пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и како што рече Cеверна Македонија. Ивор Мицковски, некогашниот висок функционер во партијата реагираше:
Пролетта на нашата надеж не се овие квазидемократски театри на една неспособна и криминална власт и нивните полтронски партиски раководства.
Легитимитет немате како и да е.
Пролетта на нашата надеж е да се обезбедат вакцини, да се има дебати и вистински плурализам, да има противкандидат во животот или во политиката, и ова султанаштво во партиите и политиката еднаш да заврши.
Денес повторно се избрукаа некогашни глумци по невладини и стручњаци, кои по стоти пат највеќе се излигавија пред партијата и лидерот.
Одговорност, компетентност, слободни и успешни луѓе, институции и системски реформи, а не овие партиски театри, тоа би била нашата пролет и будење на нашата надеж.
Но, и оваа пролет ништо од тоа. Ни луѓе, ни вакцини, ни надеж.
Пролетта на нашате надеж не се овие квазидемократски театри на една неспособна и криминална власт и нивните полтронски…
Posted by Ivor Mickovski on Sunday, 21 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.