Професорот по меѓународно право Игор Јанев кој долги години се занимава со прашањето на името јавно побара поддршка за својата колешка Гордана Сиљановска Давкова.

Јанев, кој предава на Институтот за меѓународна политика во Белград и кој се залага името да се реши во системот на Обединетите Нации од македонските граѓани бара да се гласа за Сиљановска. Предходно дел од медиумите пренесоа изјава на Сиљановска која вели дека е во контакт со водечкиот македонски експерт за Обединетите Нации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.