Дваесет проценти од граѓаните воопшто е почитуваат мерки, а ние останатите сме заложници на таа ситуација. Значи откога почнале дружењата, непочитување на мерките отприлика сега завршува инкубација, а тоа значи само едно бројката на новозаболени дополнутелно ќе расте, рече професор д-р доктор Методи Чепрeганов на гостувањето на телевизија 24.

Според него други земји се откажале од многу настани, но не и ние.

Кога можеше Ердоган да ја затвори Турција, кога во Русија не се славеше 9-ти Мај ден на победа над фашизмот, овде се работи за една објективна животозагрозувачка состојба и затоа мора да се постапува онака како што треба, посочи Чепрeганов.

Тој посочи дека секое здружување носи опасност.

А што се случува кај нас никој не носи ниту маска, ниту држат дистанца. Но, за човек да се однесува одговорно треба да е созреан. Тука има деструктивно однесување кај дел од луѓето, додаде докторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.