Професорката на Правниот факултат во Скопје Тања Каракамишева – Јовановска бара јавна осуда за Денко Малески кој во изјава за една бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроитеграцискиот процес.
Се срамам што го познавам Денко Малески.
Се срамам што бил мој колега на Факултет.
Намерно не напишав професорот оти е срам за Македонскиот народ тој да биде наш просветител и учител.
Кога не знае да молчи за работи што очигледно не ги познава, ниту има стручност да зборува за историја, а неговите зборови ни нанесуваат директна штета нам Македонците, тогаш јавната осуда е неопходна!, напиша професорката Каракамишева – Јовановска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.