Професорката Весна Јаневска смета дека реформата во образованието која ја спроведува министерката за образование и наука Мила Царовска е комплетно пропадната.

Таа е избрзана, натурена и неспроведлива во овие услови, смета проф. д-р Јаневска.

Мила Царовска на конференција во Љубљана се пофалила дека со брза реакција успеале да обезбедат континуитет на образованието и да започнат реформи во услои на пандемија.
Мила Царовска рече дека МОН е информирано дека во некои книжарнници се продаваат комплет учебници за четврто одделение, за кое од оваа година треба да се употребуваат дигитални. Таа додаде дека ако и’ се посочи каде се наоѓаат , тогаш таа директно би ги пријавила во Министерството за внатрешни работи, како што направила и во претходните случаи кога имала сознанија дека такво нешто се случило и каде што имало постапување.
Таа ги напаѓа и родителите велејќи дека секој родител кој се обидува на ученникот да му наметне печатен учебник прави штета и не му прави добро на ученикот. Царовска тврди дека 20 проценти учебници кои се испечатени се доволно да ги покријат потребите на учениците кои немаат услови да следат дигитална настава. Таа додава дека се поделени 3500 дигитални уреди и дека уште 6500 се на располагање на општините.
Ја информирам министерката Царовска дека:
1. Реформата и’ е комплетно пропадната. Таа е избрзана, натурена и неспроведлива во овие услови.
2. Таканареченета дигитализација (дигитални учебници) и’ е комплетно пропадната. Доказ за тоа е што речиси не постои ученик кој не побарал печатена верзија на таканаречените дигитални учебници и речиси не постои родител кој не обезбедил печатен учебник, односно фотокопија за своето дете.
3. 20 проценти на печатени учебници до училиштата се премалку затоа што тие треба да ги користат и наставниците и учениците. Така овие учебници воглавно се наоѓаат во училишните библиотеки за користење на сите ученици од четврто одделение.
4. Дигитални уреди не добија сите ученици кои требаше да ги добијат. Од што да учат?
5. Образованието не е бесплатно затоа што огромен број на родителите ги платија дигиталните уреди на своите деца, а сите ги платија фотокопиите. Прекршен е законот за основно образование.
6. Нелегалната продажба (заради авторските права) на учебниците, односно материјалите за учење, односно фотокопиите, таа ја предизвика. Побарувачката е огромна, од што произлегува дека државата требаше да испечати учебници за сите ученици.
7. Тоа што таа лично пријавува книжарници и фотокопирници значи дека врши туѓа работа, системот не функционира и таа место да го прави ова, да се потруди да обезбеди учебници за сите што бараат.
8. Обуките на наставниците и’ се комплетно пропаднати.
9. Условите во кои учат учениците и работат наставниците се комплетно несоодветни за услови на пандемија, а во некои училишта и вон услови на пандемија
10. ТИТУ ЕДЕН УЧЕБНИК НЕ Е СКАП. ТОЈ ИМ ДАВА ЗНАЕЊЕ НА ДЕЦАТА!
11. РОДИТЕЛИТЕ КОИ ИМ ОБЕЗБЕДУВААТ ПЕЧАТЕНИ УЧЕБНИЦИ НА СВОИТЕ ДЕЦА ИМ ПОМАГААТ, НЕ ИМ ПРАВАТ ШТЕТА!!! Тоа што Министерката не го сфаќа и не го разбира тоа укажува само на нејзино нереално гледање на состојбата.
Сакате сето ова да се промени? Решението е во вачи раце и е одбележано со број 7.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.