Имаме форма без суштина. Потребно е да почнеме од 0 да ги градиме институциите за да не се случуваат катастрофикако автобуската несреќа која зеде 45 животи. Експертите велат дека треба што е можно поскоро да се направи темелна реконструкција на системот бидејќи имаме над 1.000 институции, а голем дел од нив не знаеме ниту што работат.

Последната трагедија треба да послужи за основа за реформите во државната управа, оценува професорката Ана Данева.

 

Ние секојдневно како граѓани се сретнуваме со нефункционирањето на системот. Оттука треба, кога ќе кажам да се преиспитаат, не треба да се направат анализи, анализите всушност ги имаме. Треба Владата, се надевам идната, да се одважи и да каже дека ќе го кратиме бројот на Органи на државна управа. Премногу ги имаме, и нивните
надлежности се преклопуваат. Кога се преклопуваат надлежностите, па го гледаме тоа од прес-конференциите изминатите два-три дена, не може да се лоцира одговорноста, не може да се знае кој што работи, а ако не се знае кој што работи тогаш многу лесно луѓето, неработниците, корумпираните, како сакате, можат да не работат, вели
универзитетската професорка, Ана Павловска Данева.

Се поставува прашањето како кобниот автобус без потребните документи во просек секој трет ден ја поминувал државната граница.

Ако воопшто не биле извршени надзори од страна на Државниот инспекторат за транспорт врз компанијата, ниту годинава ниту претходната година, тогаш треба сериозно да се запрашаме што работел Инспекциоскиот совет во
врска тоа. Ако е точно дека Државниот инспекторат за транспорт работи само со 13 инспектори кои треба да ја покријат целата територија на државата, тогаш повторно се поставува прашањето: Каде бил досега Инспекцискиот совет да реагира зошто државата, зошто Владата оставила сериозни институции, како Инспекраторатите да немаат кадар и ништо од тоа да не се преземе, вели Павловска Данева.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.