Редовниот професор на Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски смета дека министерката за образование и наука Мила Царовска треба сериозно да се запраша дали е во ред тоа што го прави со дигитализацијата во образованието.

На последната објава од Мила Царовска, конкурс за дигитални учебници, досега има 34 негативни коментари и ниту еден позитивен. На нејзино место јас сериозно би се запрашал дали е во ред тоа што го правам.
Инаку, интересно е колку многу мразачи има за пријатели и следачи, пишува проф. д-р Трајковски.

 

 

Царовска напиша дека е објавен конкурс за избор на автори за изработка на материјали за учење за четврто одделение според новите наставни програми.

Ги охрабрувам и повикувам авторите да се пријавуваат, напиша Царовска.

Под објавата на Царовска на Фејсбук, следеа негативни коментари.

Нема потреба од конкурс и трошење пари. Викни ги бугарите, грците и албанците и тие нека ги пишуваат. Продадени души!!! Ние сами ќе ги образуваме нашите деца. Со ваков образовен систем во кој се негира се што е македонско, не ни требаат непријатели пошо најголемиот седи на Илинденска 1 и во северЏганскиот парламент, коментира еден родител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.