Професорот на Шумарскиот факултет, Јане Ацески, изразува револт од масовната сеча на шумите низ државава.
Професорот Ацевски на неговиот фејсбук профил објави фотографии нс кои се гледа како цели ридови се соголени од (не)легалната сеча што се врши со години.
Искрено се засрамив самиот пред себе од мојата струка. Нема понатаму да коментирам, само ќе кажам срам и арам за сите што се дел од ова – вели Ацески.
Извештајот на „Глобал форест воч“ покажува дека од 2001 до 2019 година, Македонија изгубила 38,6 илјади хектари шума, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва.
Проценките се дека нелегалната сеча се движи околу 25-30 проценти од вкупно исечената дрвна маса и дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја.
Во Македонија официјално нема заштитени шуми. Порано официјално прогласени биле околу 18.000 хектари (со нив стопанисувало „Водостопанство“ со вработени шумарски инженери). Од пред речиси 20 години, кога шумите прејдоа под ингеренции на ЈП „Македонски шуми“ се претопија во постојаните „шумско стопански единици“, односно шуми со стопанска намена и така се загуби статусот на заштитени шуми – велат од „02 Иницијатива“.
Според картата на ерозии, дури 96,5 проценти од целокупната површина на Македонија е под процес на ерозија. Најчести причини за зголемените ерозии се лошото управување и прекумерното сечење на шумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.