Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави дека неговиот татко Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Нему му се слошило откако примил вакцина во во Ниш, Србија.

Неговиот син вели дека тој тргнал за Ниш да се вакцинира, затоа што неговата сакана Македонија тотално потфрли со вакцините. Пошол на вакцинација заедно со неколку негови колеги доктори

 

Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, сеуште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце.
Не е само татко ми, туку НЕМА вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа.
За вакцинацијата сметам дека треба да продложи и дека тоа е начинот да се заштити јавното здравје.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.