Професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски, еден од тројцата кандидати кои се повлекоа на само еден ден пред гласањето за кандидат за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во вечерашната емисија „Што не е јасно” на Алфа зборуваше за реизборот на ректорот Никола Јанкуловски, чиј мандат стартува од 15 септември ќе трае три години.
Воопшто не се чувствувам поразен затоа што овие резултати беа за очекување. Се случи нетранспарентна, недемократска и крајно сомнителна по однос на прекршување на законски, статутарни и правни акти кои се однесуваа на водење на една ваква постапка. На тоа јас укажував уште на самиот почеток на оваа постапка. Со тоа што ги ставивме кандидатурите во мирување ќе придонесеме за демократизација во Универзитетот. Универзитетската комисија која што прва укажа на неправилностите и прва се одважи да се спротивстави преку давање на оставка на местото на членови на универзитетската изборна комисија. Дури и претседателот на Комисијата Пламен Тројачанец јавно во своја изјава укажа на многу притисоци кои што ги имал додека ја обавуваше функцијата претседател, укажа на нетранспарентноста, укажа на неговата борба за да се променат и роковите и таа целата постапка да оди во една нормална процедура, укажа на тоа и дека не му бил доставен записникот од државниот просветен инспекторат, со кој што требало да прекинат дејствијата бидејќи неможел да види дека се направиле одредени повреди во постапката, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.