На ДПИ не му требаат административци, туку добро подготвени луѓе, да бидат инспектори или подоцна да добијат лиценца за таа дејност, анализира за „Фокус“, универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Како што вели тој, во Државниот пазарен инспекторат треба да се постават квалитетно обучени луѓе кои транспарентно ќе работат во оваа институција.

Инспекцијата е шалтерот на државата во заштита на правата на граѓаните. Државата ги штити граѓаните преку инспекторите од секаква злоупотреба што можат физички и правни лица да ја сторат врз граѓанинот. Не може во ваков инспекторат да напикате луѓе со несоодветно образование, смета Давитковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.