Дигиталната трансформација, наједноставно, претставува воведување современи информатички технологии во секојдневното работење на сите или некои сфери од општеството. Во контекст на локална самоуправа тоа значи автоматизирање на сите административни процедури во општината со користење на информатички технологии – изјави проф. д-р Горан Велинов на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп за Промоции на политики Македонија за сите луѓе.

Велинов истакна дека воведувањето на дигитализација на државните институции не е лесен процес, но како најважен дел за успешна примена на ИКТ технологиите ја истакна политичката волја.

Воведувањето на информатичките технологии во државните институции, во локалната самоуправа не е едноставен процес. Кој е клучен фактор што треба да допринесе за успешно применување на тие технологии како најважен се смета и за кој мислам дека го имаме а тоа е јасна политички волја и посветеност. Целите што ќе бидат постигнати со дигиталната трансформација се зголемување на ефикасноста, зголемување на транспарентноста а со тоа ќе се укинат заборавени предмети, а со тоа граѓаните и администрацијата ќе имаат увид до каде се нивните предмети, зголемување на приходите на локалната самоуправа, зголемување на вработеноста, како и намалување на сивата економија – изјави проф. д-р Велинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.