Проф. Д-р Дејан Трајковски, на Фејсбук реагира за актуелната здравствена состојба во државата и неуспехот на власта успешно да се справува со епидемијата на Ковид-19.
Како што истакнува Трајковски, тој во повеќе наврати апелирал до властите да воведат одредени мерки, но поради нивната арогантност, таквите негови апели не биле посллушани, што довело до илјадници починати граѓани.
Во мај не ми веруваа дека немаме колективен имунитет и дека ќе имаме бран од Делта сојот. Во јуни не слушаа кога велев дека треба да се воведат ПЦР тестови на граница или карантин за патниците.
Во јули ме правеа будала кога велев дека Тетово треба да се стави во 5-дневен локдаун по првиот увезен случај на Делта сојот.
Во август останаа глуви кога порачував да ги забранат свадбите и да ги спремат ковид болниците.
На сето тоа, не знаеја дали ќе растат бројките и решија да се јуначат и да гледаат десетици мртви дневно, не сфаќајќи дека немаат доволно вакцинирани. Малку им беа 9.200 досега починати од ковид.
Овие лудаци се навистина непоправливи – пишува проф. д-р Трајковски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.