Професорката Весна Јаневска реагира дека во мерката Субвенциониран студентски оброк има услови коишто ја прават мерката дискриминаторска за дел од студнетите.

Како што посочува Јаневска, тоа е пред се условот студентите да немаат друг приход по кој било основ поголем од минималната нето плата“ со што од оваа мерка се исклучуваат студентите коишто примаат стипендија за да студираат на студиските програми од национален приоритет, математика, физика, хемија…

Субвенциониран студентски оброк.

 

Еден од условите е студентите „да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година“.

 

Студентите прашуваат дали е ова социјален пакет или важи подеднакво за секој студент? Студентите кои студираат на студиските програми од национален приоритет, математика, физика, хемија и примаат стипендија не ги исполнуваат условите на конкурсот за субвенциониран оброк затоа што стипендијата им ја вреднуваат како приход.

 

Студентите сметаат дека ова е дискриминирачка одлука. Во Македонија постои огромен недостатаок од овие професии и поради тоа студентите запишани на овие студијски програми добиваат стипендија, како стимулација.

 

Дополнително, рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк е 31.08.2021 година и дел од студентите се’ уште не знаат дали ќе исполнат услови за продолжување на стипендијата (се’ уште имаат испити за полагање и зачувување на просекот). Може да се случи да останат и без едното и без другото.

 

Вие судете дали се работи за неспособност, за манипулација, или можеби и за дискриминација – пишува проф. д-р Весна Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.