Професорката Симона Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “реагира на изјавата на португалската претставничка во ЕУ Ана Паула Закаријаш која вчера изјави дека (северно) македонскиот јазик бил бугарски во минатото.
Според приф. д-р Груевска Маџовска, секој што ќе го изјави ова е многу необразован.
Да кажеш дека македонскиот јазик некогаш бил бугарски, треба да си многу необразован, зашто историјата и потеклото на јазиците им се познати на сите писмени луѓе. Но, зошто нема поостра реакција од нашата власт и до кога ќе ги трпиме овие понижувања од ЕУ е прашањето…”, пишува Груевска Маџоска за дипломатката и дообјаснува дека Македонија ги трпи последиците од Преспанскиот договор.
Северномакедонски јазик и Северномакедонци – тоа е резултат на Преспанскиот Договор.
Македонски да си викаме по дома и тоа само за нешта поврзани со македонскиот народ, а не со државата, затоа сме граѓани на СМ. Тоа значи дека државата не е на македонскиот народ. До кај сме со АСНОМ и Уставот?”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.