Најпатриотски чин на секој Македонец од дијаспората е да го помине летниот одмор оваа година во Македонија, вели Гоце Андревски, професор на Универзитетот во Кингстон, Канада, кој смета дека македонските иселеници, можат да ѝ помогнат на татковината да ја ублажи коронакризата со тоа што, доколку се во можност, летниот одмор би го поминале во Македонија.

Поддршката на дијаспората во оваа криза е од круцијално значење за Македонија.

Девизниот прилив од нашите иселеници директно 1) ќе го намали дефицитот на платниот биланс и со тоа ќе го олабави притисокот врз курсот на денарот, и 2) ќе им помогне на компаниите полесно да ја пребродат кризата.

Летувајте во Македонија, помогнете и на својата земја, порача професорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.