Различни режими правеле обиди да ја менуваат историјата, барајќи легитимитет за нивните политички постапки во актуелното време. Но, историјата е нешто кое се случило и на сила не можете да ја избришете, порачува универзитетската професорка и историчар Виолета Ачкоска.
Неспорен е фактот дека Македонците во текот на Втората светска војна стапија масовно во борбата против фашизмот, против германската, италијанската и бугарската окупаторска војска и против големоалбанските соработници на фашизмот, борејќи се за своја слобода, обединување и државност. Македонците беа дел од големата Антихитлеровска коалиција која беше демократската совест на човештвото и темелот на обединета Европа. И заради нивното учество во борбата против фашизмот се стекнаа со правото на самоопределување во услови кога големите сили започнаа со ново прекројување на светот. Израз на таа антифашистичка борба беше создавањето на првата современа македонска држава Демократска Федерална Македонија. И се прашувам, дали проблемот е во додавката „фашизам“ или во одземањето на правото на државност и самоопределување на Македонците како посебен народ. Сите актуелни постапки посочуваат кон тој правец. Бришете, брусете, но на крајот и вие ќе станете дел од историјата, но онаа на предавставата. Македонија вечна, вели професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.