Институтот за здравствени проценки во Вашингтон (АХМЕ) предвидува дека пикот на епидемијата на корона вирусот во Македонија, односно периодот со најмногу починати од Ковид-19 во земјава, треба да се случи на 18 април, за кога се проценува дека ќе има од 28 до 82 смртни случаи во едно деноноќие.

Според проценките на Институто, бројот на починати од Ковид-19 во Македонија до јули би можел да се искачи на 5.742 лица, а проекциите предвидуваат и дека бројот на починати во текот на април ќе се приближуваат до 50, но дека состојбата би се подобрила на крајот на следниот месец.

Од друга страна, пак, по достигнувањето на пикот се очекува значително стабилизирање на состојбата, а според бројките на АХМЕ, на 1 јули се очекува да има од 1 до 8 смртни случаи.

Целата статистика погледнете ја на следниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.