Професорот по казнено право Гордан Калајџиев како гостин во вестите на Сител телевизија истакна дека единствени кои имаат изградено став за прашањата за водењето и продолжувањето на истрагите се Обвинителството и Министерството за правда, поддржано главно политички од странските амбасади, кои сметаат дека постапките треба да продолжат што според него е повеќе криминално политичка определба, отколку правна.
Се работи за прашања кои воопшто не се регулираат со овој закон. Едното е прашањето за судбината на истрагите, кои што влече корени од нејаснотијата во членот 22 од Законот за специјално обвинителство, за крајниот рок за истраги на СЈО, во смисла дали после тој рок може да се покрене истраги, дали тој рок важи за Специјалното обвинителство или важи за генерално за сите обвинителства. За ова постојат различни мислења, но секако не е прашање кое треба да се уреди со овој закон. Ако овие постапки не можат да се водат во овој момент, нема да можат да се водат ни со закон кој ова дополнително ќе го уреди, вели Калајџиев.
Според него, ова прашање најдобро е да го реши судската практика без да има тука политички квалификации и интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.