Продолжи судскиот процес за случајот „Насилство во општина Центар“ кој се испитуваат учесниците на настанот. Дарко Стојковски беше испитуван од неговиот адвокат Димитар Дангов.
Обвинетиот објасни дека за протестот разбрале од социјалните мрежи и од разговори со другари. Групата најпрво се собрала пред споменикот на Мајка Тереза и оттаму се упатиле кон Општината. Таму веќе биле собрани луѓе, а го забележал и адвокатот Мирослав Вујиќ. Насобраните биле незадоволни бидејќи разбрале дека ќе се руши црквата „Св. Констатин и Елена“. Кога им кажале дека црквата нема да се руши, се разотишле.
Обвинетиот Даниел Трипуновски објасни дека отишол од лично убедување бидејќи е верник и не направил никакво насилство. Тој рече дека не ги познавал Даниела Рангелова и Миле Јанакиески кои се исто така обвинети.
Обвинетиот Трајче Петковски за протестите разбрал од изјава на Владиката Агатангел и чуствувал потреба да се појави на протест за одбрана на црквата. Кога пристигнале пред црквата имало поголема толпа на луѓе и потоа се упатиле пред општината во поворка. Во дворот имало веќе луѓе,но го препознал само адвокатот Вујиќ кој со нив се однесувал вулграрно. Имаше довикувања од жени кои беа внатре во дворот.
Никој не ме испратил туку јас од лично убедување и почит кон верата отидов на протестот, рече обвинетиот.
Кога си оделе накај дома биле пресретнати од навивачи на Работнички кои ги пцуеле. Саша Богдановиќ бил еден од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.