Министерската одлука за привремено ограничување на врските на Грција со Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е во сила до денеска, продолжена е до крајот на август, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Службен весник на Грција, веќе е објавена конкретната одлука, односно продолжувањето на претходната и е во сила заклучно со 31 август 2020 година.

Одлуката се однесува на воздушните, копнените, железничките и морските поврзувања на Грција со Македонија, Турција и Албанија.

Согласно новата одлука за границите и согласно министерската одлука што денеска стапува во сила, а предвидува забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, македонските државјани до крајот на месецов нема да можат да патуваат во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.