Утре почнува продолжен викенд поради што вечерва голем број возила го напуштаат главниот град.
Место плус за сместување се бара низ целата држава, а со оглед дека временските услови се идеални за на плажа, најголем број граѓани, речиси од цела Македонија викендов се упатуваат кон Охрид и Струга.
Видео камерите на трите патарини од Скопје преку Тетово до Гостивар бележат гужва иако работат со полна пареа.
Иако Охрид дефинитивно ќе биде преполн со скопски туристи, тие попладнево се упатуваат и кон останатите туристички дестинации во земјава како Преспа, Дојран, Берово и Маврово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.