„Проценката што беше правена пред изборите се покажа фатална, значи беше погрешна“, истакна поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој вели дека за него е неразбирливо во три општини каде СДСМ до вчера имало свои градоначалници, да изгуби од независни кандидати кои очигледно се поддржани од опозицијата.
-Тоа говори за погрешната проценка што би значело во дадениот момент давање поддршка на други кандидати, а не на актуелните градоначалници. Мислам дека се создаде атмосфера и пред изборите дека на Македонија во овој момент, со неиспорачувањето на она што и беше ветено на Република Македонија, со промената на името. Верувавме она што го има во референдумското прашањето реално го решава отворањето на нашиот пат кон НАТО и тоа се случи. Но вториот дел од прашањето беше и отворање преговори со ЕУ. Во моментот кога уште во 2019 дојде првото вето од Франција се почувствува кај Заев тоа што ова, сега беше дополнителен мотив, да го повлече овој потег – рече Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.