Историчарите Драги Ѓорѓиев и Петар Тодоров велат дека проблемот со Гоце Делчев во Комисијата настапува кога ќе дојдеме до моментот зошто е тој важен за да биде чествуван од двете земји.

Постојат некои разидувања во смисла како да дојдеме до решение кое ќе биде оправдано, зошто таа личност треба да биде чествувана и во Бугарија и во Македонија. Не е проблем заедничкото чествување, но проблем е во моментот кога не можеме да дојдеме некој договор. Зошто да го чествуваме заеднички, тоа е проблем, рече Тодоров.

На него се надоврза и Ѓорѓиев:

Сите факти поврзани со Гоце Делчев никој не ги спори. Каде завршил школо, за што се залагал, на која организација бил. Проблемот настанува таму во суштинскиот дел, зошто е важен и како да го прифатат двете општества. Тука стануваат главните проблеми, рече Ѓорѓиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.